Сончево со ветер од северен правец

Во четвртокот во Македонија утрото е ведро и многу студено, а преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу минус 12 и 4, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат меѓу 0 и 9 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината утрово е студено, а преку денот сончево со слаб северозападен ветер, со температура до 8 степени.