Сончево со мала локална облачност

Во саботата на териоријата на Македонија утрово е многу студено, додека преку денот че преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските темпеатури се движат од минус 12 о минус 2, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе достигнат вредности меѓу 2 и 10 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината утрото е студено, а преку денот ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, температурата ќе достигне до 9 степени.