Сопружници од Арачиново на кумaновка не ѝ го давале нејзиното бебе

Брачен пар од Арачиново бил приведен откако кумановка пријавила дека не сакале да ѝ го вратат бебето кое им го дала привремено да престојува кај нив.

– На 23.02.2025 во 19.30 часот во СВР Куманово, М.М.(41) од Куманово пријавила дека А.М.(39) и неговата сопруга А.М.(35) од с.Арачиново, скопско, не ѝ го давале нејзиното новороденче, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, пред околу четири месеци, додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи.

– Како што е пријавено, таа се породила на 18.02.2025, а на 20 излегла од болница и била пречекана од А.М. и А.М., кои и предложиле да потпише изјава кај нотар за да може бебето неколку дена да остане кај нив, додаваат од полицијата.

Исто така, според пријавеното, на 21.02.2025 таа го оставила бебето во нивниот дом и А..М.(39) и дал пари, а кога побарала на 23.02.2025 да си го земе, тој не ѝ го дал со образложение дека ќе остане кај нив.

– На 24.02.2025 околу 01.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода сопружниците, велат од кумановската полиција.

Како што додаваат оттаму, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.