
Во средата на територијата на Македонија од утрото е променливо облачно и студено, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h.
Утринските температури се движат од минус 9 до 0, додека највисоките во текот на денот соодветено ќе бидат во опсегот меѓу минус 3 и 8 Целзиусови степени.
Во Скопје и Скопската котлимна утрото е претежно облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи околу 6 степени.