Стејт департмент ги откажа сите претплати на медиумите, за да ги намали буџетските трошоци

Американскиот Стејт департмент во рамки на обидите на владата да ги намали трошоците на јавниот сектор денеска нареди да прекинат сите претплати на медиумите како дел од обидот на владата да ги намали трошоците во јавниот сектор.

Претседателот Доналд Трамп го задолжи милијардерот Илон Маск да го води владиниот тим за намалување на трошоците, кој сега спроведува ревизии на федералните агенции кои бараат начини за намалување на трошоците. Стејт департментот објави дека ги суспендирал сите „претплати на медиумите кои не се академски или професионални списанија“, без да открие колку долго тоа ќе трае.

„Вашингтон пост“, кој прв ја објави наредбата за претплати на медиумите во средата, цитираше и меморандум на Стејт департментот во кој им се упатува на вработените да му дадат приоритет на раскинувањето на договорите со „Економист“, „Њу Јорк Тајмс“, „Политико“, „Блумберг њуз“, „Асошиеjтед прес“ и „Ројтерс“, пренесе Ројтерс.

Белата куќа на почетокот на февруари нареди откажување на претплатите на медиумот Политико, откако медиумот беше критикуван дека наводно примал уплати од американската Агенција за меѓународен развој за претплати на нејзината премиум вести услуга „POLITICO Pro“.

Американскиот државен секретар Марко Рубио истакна дека сите трошоци на јавниот сектор мора да бидат усогласени со приоритетите на Трамп „Америка на прво место“.