Судар на два товарни воза во Романија, еден загинат и неколку повредени

Еден загинат и двајца се во болница по железничка несреќа меѓу два товарни возови во Романија во обласа Олт. Жртвата е 60-годишен машиновозач. Една од композициите била на бугарската компанија „ПИМК“. Едниот воз излетал од шините и удрил во друг.

Починатиот маж бил пронајден во локомотивата на еден од возовите, изјави портпаролот на инспекторатот за вонредни ситуации на округот Олт. Во двете возила имало вкупно три лица, а другите две биле прегледани на лице место и одбиле хоспитализација.

Министерот за транспорт Сорин Гриндеану изрази сочувство до семејството на починатиот.

„Ситуацијата е предизвикана од излетувањето од шините на вагоните на приватен товарен воз“, напиша тој на Фејсбук.