
Во Рио де Жанеиро вчера се измерени приближно 40 степени Целзиусови, а во западниот дел на градот регистрирани се 44 степени, што е највисока температура од 2014 година. Вчера беше најтоплиот ден оваа лето во Бразил.
Цивилната одбрана издаде предупредување до жителите на градот, советувајќи ги да преземат мерки на претпазливост во екстремни услови.
Градските власти соопштија дека е достигнато четвртото ниво на предупредување за топлина, а петто е максималното ниво. Како одговор на високите температури, во градот се отворени голем број пунктови за ладење и хидратација.