Франција може да распореди борбени авиони со нуклеарно оружје во Германија

Франција би можека да распореди борбени авиони со нуклеарно оружје во Германија доколку САД ги повлечат трупите од регионот, пишува британскиот весник The Daily Telegraph.

„Франција е подготвена да го користи својот нуклеарен штит за да ја заштити Европа. <…> Може да испрати борбени авиони во Германија во услови на заканите од САД дека ќе ги повлечат своите трупи од континентот“, се наведува во написот.

Сепак, весникот цитирајќи извори истакнува дека официјалното барање најверојатно ќе биде поднесено само по повлекувањето на американските сили за нуклеарно одвраќање од Германија.

Според неименуван француски функционер, распоредувањето нуклеарно оружје од Париз во Германија наводно ќе испрати сигнал до Москва. Од друга страна, германските дипломати сугерираат дека таквиот потег ќе ја принуди Велика Британија да го следи примерот на Франција.

Весникот истакнува дека нуклеарниот арсенал на Франција во моментов е независен од НАТО, за разлика од Британците, кои играат клучна улога во одбранбената стратегија на алијансата.

Челникот на Унијата CDU/CSU која победи на неделните избори за Бундестагот, Фридрих Мерц, додека беше кандидат за германски канцелар, претходно во интервју за јавниот сервис ZDF изјави дека Европа повеќе не треба да се потпира на заштитата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој повика на разговори со Франција и Велика Британија за нуклеарна одбрана.