
Еурофарм Пелистер ја запиша и третата победа во Лигата на шампионите од стартот на сезоната, а истата доаѓа во најдобар можен момент по неочекуваниот триумф кој го забелеша и Висла Плоцк.
Македонскиот првак имаше навистина тешка задача против Динамо Букурешт, но успеа да го контролира резултатот во најголем дел од мечот, а потоа да се снајде и во целосно неизвесната завршница во која се играше гол за гол.
Битолскиот тим одржуваше плус еден и не искористи неколку напади за помирна завршница, па така Хосни направи голема грешка во последната минута и дозволи последниот напад да биде за Динамо.
Романскиот тим бркаше бод со последниот напад, но уште еднаш наиде на непремостливата пречка наречена Никола Митревски. Македонскиот репрезентативец со својата 16-та одбрана му фати „жива топка“ на Хосни, па со неговиот бравурозен потег започна прославата во Битола.
Пелистер славеше со 25:24 и остана со свои шанси за пласман во следната фаза, но за да го направи тоа, ќе мора да брка изненадувања против Фуксе Берлин, или ПСЖ.
Ако Митревски брилјираше на голот, вечерва расположени во офанзивен план беа Тајник со шест и Кузмановски и Радивојевиќ со по пет погодоци, додека три гола зад своето име запиша репрезентативецот Атанасијевиќ.
Фото: Facebook.com/hceurofarmpelister