
Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во понеделникот над нивото од 74 долари, со намалување на геополитичките тензии и најави за зголемена понуда од Ирак и Казахстан.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше речиси непроменета во однос на затворањето на тргувањето на крајот од минатата седмица и изнесуваше 74,54 долари. Во петокот го затвори тргувањето со пад од 2,05 долари.
Позначителни промени денеска немаше и на американскиот пазар каде со барелот се тргуваше по 70,45 долари. Во петокот го затвори тргувањето со пад од 2,08 долари.
Оганизацијата на земјите извознчки на нафта (OPEC) засебно денеска објави дека во петокот барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки поевтинил за 73 центи, на 77,42 долари.
„На крајот од минатата седмица, расположението на пазарот беше означено со намалена премија за ризикот на Блискиот исток имајќи дека се одржа прекинот на огнот во окупираниот палестински Појас Газа“, според толкувањето на Џон Килдаф од „Again Capital“.
Аналитичарите, исто така, ги истакнаа медиумските извештаи во петокот дека истражувачите од Институтот за вирологија во кинески Вухан го откриле новиот коронавирус кај лилјаци. Веднаш по објавувањето на овие извештаи, цената на нафтата падна за два долари, забележуваат аналитичарите.
Вниманието на инвеститорите го привлече и порастот на залихите на сурова нафта во САД поради сезонското одржување на рафинериите, се вели во објаснувањето на Министерството за енергетика.
Во исто време, американските производители го зголемија бројот на активни платформи за дупчење, а Казахстан испорача рекордни количества нафта и покрај оштетувањето на гасоводот Касписки цевководен Конзорциум (CPC) во напад на украинско беспилотно летало во Русија.
На почетокот од седмицата вниманието на инвеститорите повторно беше насочено кон крајот на руско-украинската војна. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше минатонеделните разговори меѓу американските и руските претставници за прекин на огнот, нагласувајќи дека на состанокот требало да биде поканета делегација од Киев. Трамп возврати, велејќи дека Украина сноси одговорност за војната.
Во четвртокот, претставникот на Трамп се сретна со украинскиот претседател и тензиите се намалија, при што Зеленски рече дека Украина е подготвена да поднесе предлог за договор за инвестиции и безбедност со САД во блиска иднина.
Во неделата, украинскиот претседател изјави дека е подготвен да се повлече доколку тоа би донесе мир во неговата земја.
Висок руски дипломат, пак, рече дека оваа седмица е планирана уште една средба со американската делегација.
Западните санкции за руската нафта ги прекинаа испораките преку море, но крајот на војната во Украина не мора да значи поголем руски извоз, бидејќи Русија е влијателна членка на проширената групација на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC+) која има ограничено снабдување, забележува Reuters.
„Меѓутоа, нафтата би можела да поевтини поради ублажениот геополитички ризик“, објаснува Хари Чилингуиран од „Onyx Capital“.
И најавата за нормализирање на испораките од ирачкиот дел на Курдистан беше тег за цените, забележуваат аналитичарите, иако сѐ уште не е познато кога нафтата треба да почне да тече низ цевководот до турското пристаниште Џејхан. Откако ќе се исполнат условите, Ирак ќе извезува 185.000 барели дневно од нафтените полиња во Курдистан преку цевководот, изјави во неделата претставник на ирачкото Министерство за нафта.