„Шеикот од Муртино“ пак ја мати водата – во милионска трговија со челик од Русија преку неговата фирма во Дубаи, тврди Груевски

„Во време на меѓународна градежна експанзија на Зоран Заев, со проневерени па легализирани пари од рекет и други злоупотреби, која уште додека беше премиер се одвиваше во три града во Швајцарија, потоа огромен комплекс апартмани се изгради во Туркмекистан, а сега актуелната градежна инвестиција во Дубаи од над 600 милиони евра, за која тој единствено кажа дека бројката на спратови не била 82 (не кажа дали се 83 или 78, колку квадрати се итн) и ништо друго не демантираше, а во недостаток на нешто со што би можел да ме нападне, деградира и да ја дефокусира јавноста, Заев со неговите инсталации во Македонија, охрабрен од неказнивоста, се обидува повторно да направи медиумска реминисценција на судскиот случај кој лично го креираше и го раководеше со цел создавање на негативна слика за мене со лажна информации и уценети сведоци“.

Ова го пишува поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук. Како и неколку пати до сега, Груевски објаснува дека бил неправедно кривични гонет во случајот „Плацови на Водно“ и дека никаков негов имот не е запленет.

„Во режирана и конструирана судска постапка, диригирана од режимот на Заев и од него лично, запленија неколку имоти на двајца скопски бизнисмени, кои со огромни притисоци и уцени кон нив, едниот како обвинет, а другиот како сведок, но со закана дека ќе го направат обвинет, ги прогласија за мои“, пишува Груевски и објаснува детали за случајот.

„Во меѓувреме, милионската трговија со челик од Русија преку фирма во Дубаи тече, а неговото семејство беа добиле покана со купени авио билети и авионски карти за присуство на камен темелникот на градежната инвестиција во Дубаи вредна над 600 милиони евра“, тврди Груевски