1.100 вработени по договор на дело во здравството ќе добијат решение

До крајот на годината, решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството, рече на денешната собраниска седница министерот за здравство, Арбен Таравари, одговарајќи на прашања на пратеничката од Европскиот фронт, Дијана Тоска, која праша зошто се отпуштени економски директори и не се вработуваат медицински сестри, иако има потреба во здравствените институции.

Таравари истакна дека проблемите се наследени и дека ДУИ за 22 години власт не успеала да изгради канализациска мрежа во Зајас, а очекува за 6 месеци да се изгради Клинички центар. Тој дополни дека е надминат проблемот со позитивната листа на лекови.

– Шестотини специјализанти ќе бидат вработени, 300 во оваа, а 300 во наредната година – рече Таравари.