
Димитриев информираше дека на владината седница одржана вчера донесена е одлука за авансно обештетување на граѓаните во висина од 100 милиони денари, односно 1,6 милиони евра, кои ќе бидат распоредени за граѓаните.
Тимовите за проценка се на терен и работат на утврдување на настанатата штета. Граѓаните од Илинден побараа да се донесат пумпи за испумпување на водата, по што министерот Мисајловски ги информираше дека за 2 часа ќе пристигнат 20 водни пумпи.