На претстојниот Меѓународен саем за стоки за широка потрошувачка „ЦИЦГФ – 2014“, што ќе се одржи во Нингбо, за 10 македонски компании кои ќе се пријават за учество на Саемот до 22 април годинава ќе бидат обезбедени бесплатни штандови од 9 метри квадратни. Саемот ќе се одржи од 8 до 11 јуни.
„ Амбасадата на НР Кина во Република Македонија ќе обезбеди целосна логистичка поддршка за настап на компаниите од Македонија на Саемот во Нингбо, како и за воспоставување контакти со потенцијални кинески партнери, преку заедничката соработка со коморите“, истакна Женг.
На „ЦИЦГФ – 2014“ се преставуваат извозни компании кои сакаат да реалзиираат пласман на нивните прозиводи во НР Кина.
Според Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, и потпишувач на Меморнадумот од македонска страна, саемските манифестации се секогаш корисна алатка за согледување на потенцијалите за настап на одредени пазари, можност за развивање нови деловни партнерства и зголемување на извозните активности на македонските компании.
Вкупната трговска размена на Република Македонија со НР Кина во 2013 година достигна вредност од 483,7 милиони долари што претставува пад од 9,4 отсто во однос на претходната година. Остварен е извоз од 103,8 милиони долари или пад од 34,6 проценти, додека увозното салдо изнесува 379,5 милиони долари или раст од 1,2 отсто споредбено со 2012 година.