10 пожари на отворено во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале.

Регионалниот ЦУК Скопје информира за три пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Охрид за еден и Регионалниот ЦУК Штип за ѓест пријавени и изгаснати пожари на отворено.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Во последното деноноќие имало вкупно 1 732 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 43,30 %, а 56,70% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.