
Обично кога се враќаме дома бараме нешто брзо за подготовка, па така запаѓаме во замката на нездравите производи и рецепти.
За среќа, постојат барем 10-тина здрави рецепти кои се готови за 10 минути.
Пробајте барем еден уште денес:
Салата од јаболка, калинка и бадеми
- 6 шолји зелена салата
- 1 шолја бадеми
- 2 јаболка
- ½ шолја фета сирење
- ¾ шолја семки од калинка
Исечете ги јаболката на коцки, помешајте ги со зелената салата, бадемите, фета сирењето исто така исечено на коцки и семките од калинка. На крајот пропрскајте со лимонов сок или оцет, а по желба може да ставите и малку мак. Промешајте и на здравје!
Сендвич од наут, авокадо и брусници
- 420g конзервиран или варен наут
- 1 големо зрело авокадо
- 2 лажици сок од лимон
- ½ шолја суви брусници
- 6 парчиња леб
- Малку свежа рукола
- Сол и бибер
Изгмечете го конзервираниот или варен наут, па потоа додајте го авокадото и мешајте додека не добиете густа паста. Додајте ги брусниците, сокот од лимон, сол и бибер по вкус и добро измешајте. Потпечете го лебот и намачкајте со смесата. Наредете неколку ливчиња рукола и покријте со второ парче леб.
Омлет во домати
- 4 големи домати
- 3 јајца
- 100g сирење
- 2 лажици магдонос или копар
- Сол и бибер
Измијте ги доматите и исечете ги дршките. Внимателно извадете ја средината со лажица. Изрендајте го сирењето и изматете го заедно со јајцата. Потоа додадете го сечканиот зеленчук и зачинете. Смесата од јајцата ставете ја во доматите и покријте со нивната внатрешност која претходно ја извадивте. Ставете ги да се потпечат на висока температура околу 5 минути.
Каша со банани и ореви
- 1 банана
- 30g бадеми
- 20g ленено семе
- 10g ореви
- 1 јајце
- 1 белка
- 50ml млеко
- Цимет по вкус
Со виљушка гмечете ја бананата додека не добиете пире. Оревите сомелете ги бадемите и ленените семки, а оревите исечкајте ги на ситни парчиња. Ставете ги бананите, јаткастите плодови и семките во тава, потоа додајте го јајцето и белката, па прелијте со млеко. Добро мешајте. Варете ја смесата на средна температура 5-7 минути. Украсете со цимет и цели ореви.
Сладок тост со мед и лешници
- 3 лажици лешници
- 1 лажичка маслиново масло
- 2 парчиња интегрален леб
- 3 лажици павлака
- 2 лажици мед
Исечкајте ги лешниците и прелијте го со маслиновото масло. Оставете го да отстои. Павлаката премачкајте ја врз парчињата леб, а потоа додајте ги лешниците, па прелијте со мед.
Лосос со сенф и јаворов сируп
- 2 филети лосос
- 1 лажица сенф
- 1 лажица јаворов сируп
- 1 лажица маслиново масло
- Сол и бибер
Извадете го лососот 30 минути пред да го печете на собна температура. Загрејте ја рерната на 200 степени. Во тава ставете ги филетите и пропрскајте со малку масло. Изматете го сенфот, маслиновото масло и јаворовиот сируп, па прелијте ги филетите. Печете 10 минути и уживајте.
Супа од авокадо
- 2 зрели авокада
- 400ml кокосово млеко
- 2 чешниња лук
- Сол и бибер за вкус
Ставете го плодот од авокадото и сечканиот лук во еден сад, а потоа додајте го кокосовото млеко, солта и биберот. Мешајте додека смесата не стане без грутки. Варете неколку минути додека смесата не стане малку погуста. Украсете со ситно сечкани индиски ореви, коријандер и сок од лимон.
Интегрална паста со грашок, босилек и пармезан
- 150-200g интегрална паста
- 1 лажица масло од сусам
- ¾ шолји свеж зелен грашок
- 1 лажица соја сос
- Свеж босилек
- ½ шолја ситно рендан пармезан
- Црвен пипер
- Сок од лимон
Сварете ги тестенините, но водата сочувајте ја. Тестенините пропрскајте ги со масло од сусам. Грашокот варете го 1 минута во водата од тестенините, а потоа исцедете го и ставете го во сад со мраз. Кога грашокот ќе се олади, добро исушете го и ставете го заедно со тестенините. Додајте го соја сосот, босилекот, црвениот пипер, сокот од лимон, посолете, а на крај додајте го изренданиот пармезан.
Салата од морков, јаболко и суво грозје
- 2-3 големи моркови
- 1 големо јаболко
- 1 лажица сок од лимон или лимета
- 2 лажици мед
- 2 лажици павлака или домашен мајонез
- ¼ шолја суво грозје
- ¼ шолја суви брусници
- ½ шолја семки од калинка
Изрендајте ги морковите, а јаболкото исечкајте го на коцки. Ставете ги во длабок сад, прелијте со сол од лимон и добро измешајте. Додајте ги останатите состојки и украсете ја салатата со семки од калинка.
Киви со бисквити и павлака
- 400g павлака
- 8 кивија
- 8 коцки плазма или бисквити
- 4 лажици кафеав шеќер
Кивијата излупете ги и исечете ги на коцки. Помешајте ја павлаката со шеќерот. Во стаклени садови редете ред киви, ред павлака, а на крај украсете со кршени или мелени бисквити. Готово!