10 знаци кои покажуваат дека шефот има нетрпеливост кон вас

Имате сомнеж дека на шефот не сте му баш симпатични, но сакате да бидете сигурни со цел да се обидете да ја смените ситуацијата.

Според веб сајтот Business Insider/Бизнис Инсајдер, постојат знаци кои сигурно ќе ви дадат одговор. Тие понекогаш се многу добро прикриени, но не е тешко да се откријат и препознаат доколку се обрне внимание на неговото однесување.

  1. Ве исклучува од одлуките. На овој начин покажува дека можеби не го почитува вашето мислење.
  2. Ако не ви каже „добро утро“ кога ќе дојдете на работа, ниту „довидување“ кога ќе си одите дома, ниту пак возвраќа кога вие први ќе му кажете, тоа може да биде сигнал дека не сте му симпатични.
  3. Не ви дозволува сами да донесете одлуки, туку надгледува се’ што работите и тој донесува конечна одлука.
  4. Немате добра комуникација. Разговарате главно накратко и кога нешто ќе го прашате одговара кратко и незаинтересирано.
  5. Не сака да води подолги разговори со вас и да навлегува во важни теми.
  6. Индиферентен е кон вашите резултати и не зборува за планови за ваше унапредување во блиска иднина.
  7. Се однесува вообразено, на начин со кој сака да направи да се чувствувате непријатно или да ве посрамоти кога сте во група луѓе или на јавен настан.
  8. Со непочитување ја критикува вашата работа.
  9. Ви дава бесмислени обврски, кои ви одземаат време, немаат смисол и не се согласно вашите способности и задачи.
  10. Го избегнува погледот за да не забележите во него нетрпеливост.