100 најголеми работодавачи за 2019 година

Пари во соработка со платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк, минатата недела ги промовираше 100-те најголеми компании во Македонија рангирани според нивните остварени вкупни приходи.

Денес Ви ја претставуваме листата на 100-те најголеми работодавачи во Македонија за 2019-та година. Овие компании се ТОП 100 според бројот на вработени.

Проектот „100 најголеми“ содржи три категории – најголеми компании по приходи, добивка и број на вработени. Пари заедно со БизнисМрежа.мк во следниот период ќе ја објави и листата на 100 најголеми компании според остварената добивка за 2019-та година.

Целта на проектот „100 Најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени.

Исто така овој показател овозможува поголема препознатливост и промоција на компаниите кои ќе го искористат правото да се стекнат со сертификатот „Аналитика 100“ на Аналитика Медиум (сопственик на порталот Пари), а со тоа пренесуваат информација дека припаѓаат во групата на најзначајни компании во Македонија.

Целата листа на компании можете да ја видите на ТУКА