![download (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/download-1.jpg?resize=275%2C183&ssl=1)
Најмалку 12 лица се повредени во Јапонија, по потресот 6 степени по Рихтер, кој ја погоди земјата, јави ИТАР-ТАСС. Сите настрадани се од Токио и соседната југозападна префектура Канагава.
Силен земјотрес беше регистриран и во централниот дел на Јапонија. Потресите со магнитуда 6 степени по Рихтер беа почувствувани во 28 префектури. Во моментов во Токио ситуацијата е нормална. Транспортот работи во нормален режим, а на неколку стотици куќи системот за безбедност го исклучи снабдувањето со гас.