12 милијарди денари за државни патишта во 2016

Јавното претпријатие за Државни патишта следната година ќе инвестира 12 милијарди денари.

Нивните средства се користат за градба, одржување, реконструкција и користење на патишта. Годишните приливи на ова претпријатие се 6 милијарди денари, но заедно со кредитите земени од Кинеската банка, ЕБОР и Светска банка, ќе се дојде до сумата од 12 милијарди денари кои ќе се инвестираат за патишта ширум Македонија.

-Таа сума планираме да ја пласираме по изведувачите по разни договори за да ја извршиме програмата  како што планираме. Меѓу другите, веќе се проектира делницата од Крива Паланка до Бугарија. Таму нема да се оди со автопатско решение, туку со ширење на патот. Таму има дел со три ленти и ќе се изврши комплетна рехабилитација, а претходниот дел од Паланка до трета лента ќе се изврши ширење. Се работи за тотално оспособување на целата мрежа на коридорите во Македонија. Од Куманово до Ранковце ќе се врши рехабилитација со средства на ИПА, рече директорот на ЈП за држвни патишта Александар Стојанов на денешната трибина во „Павел Шатев“.

Тој дополни дека во следниов период ќе има низа рехабилитации и градби на патишта со што граѓаните низ државата ќе возат побезбедно.