12 пожари на отворено – четири активни, осум изгасени

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 225 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 63,96%, а 36,04% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 55,39%, кон Итната медицинска помош 31,13%, кон пожарникарите 10,54%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 615 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (2,94%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (36,04%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

12 пожари вкупно на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните активни, се водат четири пожари во: Општина Градско, помеѓу селата Виничани и Свеќани (нискостеблеста шума и сува трева); Општина Кичево, с.Цер (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека); Општина Ново Село, месност „Хаџиица“, на граница со Бугарија (букова шума) и во Општина Дојран, помеѓу Стар и Нов Дојран (чад во депонија).

Изгасени се осум пожари на отворено во последното деноноќие, конкретно во: Општина Кичево, с.Другово (ѓубриште); Општина Свети Николе, во градот (ѓубре);

Општина Штип, градски гробишта во Штип (сува трева); Општина Куманово, 3, кај м.в. „Бавче“, кај ООУ „Наим Фрашери“ и кај гробиштата во с.Клечовце (сува трева); Општина Старо Нагоричане, кај гробишта во с.Пелинце (сува трева) и во Општина Тетово, м.в. „Расадиште“ (сува трева).

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.