СДСМ сѐ уште не одговара на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека од почетокот на годината се потрошени 120 милиони евра повеќе отколку што се прибрани, а голем дел од таа разлика е направен во време кога сè уште немаше никакви импликации од епидемијата на коронавирусот.
Според лидеорт на опозицијата, Христијан Мицкоски извршен е грабеж на економијата во првите три месеци од годината со цел да се покријат изборите кои требаше да се случат, кога се потрошени 43 проценти од буџетскиот дефицит планиран за целата година, или 120 милиони евра.
Потрошиле 120 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот, додека нас нé убедуваа дека блескаме и дека буџетот е ликвиден. Или со други зборови го задолжиле секое македонско семејство со дополнителни 15 илјади денари во просек само од почетокот на годината заклучно со крајот на месецот март, посочи Мицкоски.
Опозоцијата денови наназад го поставува прашањео каде се потрошни 120 милиони евра од државниот буџет, ако очиглдно е дека овие пари Владата не ги вложила за помош за граѓаните, а економските мерки не донесоа рзулати.