Во Клиничкиот блок „Мајка Тереза“ во Скопје и во ГОБ „8 Септември”, се зголемија капацитетите за хоспиталзација на пациенти со ковид за 125 кревети, информира Министерството за здравство.
– Пуштен е во употреба дел од Клиниката за трауматологија од УК ТОАРИЛУЦ со 25 болнички кревети. На Клиниката за пластична и реконструктивна хрургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети. Делот од патологија на Клиниката за пластична хирургија се префрла во болницата Св. Наум Охридски во Скопје. Дополнителен капацитет за прием на пациенти со ковид се подготвува и на Клиниката за кардиологија, каде што за болните со ковид ќе бидат обезбедени 50 кревети. Со оваа реорганизација капацитетот во Клиничкиот центар се зголемува за 100 кревети – информираат од МЗ.
Дополнителни 25 болнички кревети се обезбедени и во ГОБ „8 Септември“.
Од Министерството за здравство информираат и дека Клиниката за торакална хирургија продолжува со нормална работа за итни случаи, а хируршкте интервенции моментално се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби.
– И во ГОБ „8 Септември“ ќе се немали хируршкиот програм и ќе се вршат само итни операции и операции на малигни болести кои се неодложни – влат од МЗ.
Во ковид одделите во внатрешноста има доволен број на болнички кревети и капацитетите во болниците не се оптеретени.