130 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се девет мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за возач почетник, осум санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…