Во последните 24 часа нема ниту еден починат, а 139 лица се заболени од ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 1.424 тестови, а регистрираните нови случаи се во: Скопје – 58, Битола – 34, Прилеп – 6, Струмица – 5, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево по 4, Тетово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар по 2, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница и Дојран по 1.
Од вкупниот број позитивни (139), регистрирани се 25 реинфекции. Регистрирани сe 86 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Скопје (73), во домашни услови, на 01.05.2022 година.
Досега во земјата се дијагностицирани 310.063 заболени, бројот на оздравени пациенти е 300.107, на починати е 9.284, а бројот на активни случаи изнесува 672. Во Скопје има 317 активни случаи. Во осум града нема ниту еден заболен.