На 14 бугарски државјани во сабота нема да им биде дозволен влез во државата доколку се обидат да присуствуваат на чествувањето во Скопје но за кого станува збор надлежните не откриваат.
Нема потврда дали на листата со забрана се европратеникот Џамбаски, претседателот на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов, за кои тоа го побара претседателот Стево Пендаровски како и политичарот Красимир Каракачанов, објави Гласот на Америка.
По состанокот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со неговиот бугарски колега Демерџиев, во Бугарија е почнато со проверки на лицата кои евентуално би пристигнале во црквата „Свети Спас“ во сабота. По средбата двајцата министри соопштија дека нема да дозволат било каков инцидент, провокации или тензии за време на прославата на 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.