![коронавирус](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/koronavirus.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Денеска се регистрирани 395 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 196.762
Оздравени се 245 пациенти – во изминативе 24 часа починале 14 лица.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.595 тестирања, а регистрирани се 395 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 177, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Охрид и Кочани – по 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци по 3, Пробиштип – 2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран по 1.
Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од: Скопје – 121, Велес – 22, Куманово – 21, Штип – 15, Кавадарци – 10, Струмица – 8, Прилеп – 7, Кочани – 5, Битола, Дебар и Виница по 4, Тетово и Кичево по 3, Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип по 2, Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево и Македонски Брод по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6 починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г), Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година.
Регистрирани се три починати лица од Скопје, две починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Направени се 3.595 тестови преку: ИЈЗ–303, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-68, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово-44, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија-175, Жан Митрев (Филип Втори)-81, Авицена-167, Биотек-190, Систина-60, лабораторија Лаор-241, Синлаб-35, Ремедика-13, Плодност–61, Генеа-11, Никоб лаб-362, ВФВ Медикал-93, Ели Медика-60, Ројал Медика –13,Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.452.
Досега во земјата се направени вкупно 1, 339.824 тестирањана Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.762, бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813.