15 лица починаа, нови 490 заболени од ковид-19

Петнаесет лица починаа од ковид-19 во изминатите 24 часа, а од 2.869 тестови регистрирани се 490 позитивни, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. Од новозаболените, 209 се од Скопје.

Оздравени се 484 лица. Активни болни се 8.281.

Од починатите, четворица се од Штип, по тројца се од Скопје и Куманово и по еден од Велес, Струмица, Свети Николе, Берово и Демир Хисар.