![инфективна](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/guuiof.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на ковид-19.
Како што е наведено во соопштението, во Скопје се регистрирани 424 новозаразени, во Прилеп – 72, Куманово – 42, Битола – 34, Охрид – 31, Тетово – 28, Кавадарци – 27, Неготино – 26, Велес – 21, Гевгелија – 20, Гостивар и Кочани – по 15, Штип – 14, Крива Паланка и Крушево – по 11, Струга и Берово – по 10, Струмица – 9, Валандово и Демир Капија – по 8, Богданци – 6, Кичево и Ресен – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Свети Николе, Делчево, Кратово и Дојран – по еден.
„Регистрирани се 397 оздравени пациенти од: Скопје – 178, Прилеп – 36, Тетово – 20, Гевгелија – 17, Куманово и Струмица – по 16, Битола – 15, Велес – 11, Гостивар и Кочани – по 8, Берово – 5, Штип и Крушево – по 4, Валандово – 3, Ресен, Пробиштип и Богданци – по 2, Кавадарци, Струга, Кичево, Дебар, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1. Пријавени се вкупно 15 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје (86, 81, 72, 71, 64), по 2 пациенти од Тетово (72, 59) и Охрид (78, 57), и по 1 пациент од Прилеп (80), Куманово (71), Штип (64), Кавадарци (65), Битола (73) и Неготино (74). Сите пациенти се починати во болнички услови“, се вели во соопштението.
Таму е наведено дека направени се 3.654 тестови преку: ИЈЗ-707, ЦЈЗ Скопје-70, Авицена-352, Биотек-362, Жан Митрев (Филип Втори)-201, Систина-311, лабораторија Лаор–259, МАНУ-0, Судска медицина-52, ЦЈЗ Битола-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, ГАК-0, Синлаб-77, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.123, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.
„Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872“, велат од МЗ.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Македонска Каменица, активни 2