Над 16.000 доброволи од Блискиот Исток ќе помогнат во војната во Украина, во регионите на Доњецката и Луганската Народна Република, прифати рускиот претседател Владимир Путин, на предлог на Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана.
– Што се однесува до собирање на платеници од целиот свет и нивно испраќање во Украина, гледаме дека тие (од Западот) не се кријат, западните спонзори на Украина, украинскиот режим, тие не се кријат, тоа го прават отворено, не ги почитуваат сите норми на меѓународниот закон – рече Путин.
Русија ќе им даде и ново антитенковско оружје од типот МАNPADS и ATGM на новите републики.