16-та жртва од Ласкарци: Почина и девојката со ампутирана нога

На тешките повреди им подлегна 20 годишната девојка која ја изгуби ногата во сообраќајната несреќа во селото Ласкарци, објави „Канал 5“.

Ова за телевизијата го потврдил извор од Ургентен центар. Така, билансот на жртви од несреќата достигна 16. Несреќата се случи на 13-ти февруари, на лице место загинаа 13, а потоа уште две лица починаа во болница.