17 членови на Исламска држава уапсени на турско-сириската граница

Седумнаесет лица се уапсени денес на турско-сириската граница под сомнение дека се членови на Исламска држава.

Џихадистите биле приведени во турскиот округ Килис од каде имале намера да заминат во Сирија.

Во изминатите недели турските сили за безбедност презедоа голем број операции против џихадисти од Исламска држава, јави турската телевизија НТВ.