170 села во БиХ отсечени од светот, поради обилните врнежи од снег

Заради снегот, кој веќе два дена паѓа во регионот на босанскиот град Кониц, околу 170 села во централна Босна и Херцеговина се отсечени од светот, известуваат локалните медиуми.

Сите ресурси со кои располага општината се на терен, во обид да се повторно проодни локалните патишта. Метеоролозите прогнозираат врнежите од снег да престанат утре.