178 сообраќајни прекршоци во Скопје, 66 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, две за некористење сигурносен појас, две за користење мобилен телефон, пет за минување на црвено светло, пет за нерегистрирани и технички неисправни возила, 18 прекршоци што ги чинат пешаците, и моторцикли, 50 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.