Нови судири во Приштина, повредени четворица полицајци (ВИДЕО)

Нови судири во Приштина, повредени четворица полицајци
Нови судири во Приштина, повредени четворица полицајци

По неуспешното апсење на поранешниот лидер на Самоопределување, Албин Курти, и приведувањето на пратеничката од Алијанса за безбедност на Косово, Доника Кадај-Бујупи, ситуацијата во Приштина ескалираше со судир меѓу полицијата и опозицијата и нивни приврзаници.

Демонстрантите против полицијата употребија боја по што ситуацијата почна да излегува од контрола. Полицијата потоа употреби солзавец, објавија приштински медиуми.

Во судирите повредени се четири полицајци, а 13 демонстранти се приведени.

Дел од опозицијата се упати кон зградата на Владата додека претставници на АБК се упатија кон зградата на Основниот суд за да ја поддржат својата партиска колешка за која Обвинителството побара 30 дена притвор.