
До крајот на работната седмица нè очекува топло и стабилно време, за во сабота метеоролозите најавуваат дожд, а во недела пад на температурите до 15 степени Целзиусови.
До крајот на работната недела ќе преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла.
Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат пообилни, а на повисоките планини во западна Македонија ќе има и врнежи од снег.