
Деветнаесет патници се повредени од кои две со потешки телесни повреди при сообраќајна несреќа која се случила денеска во близина на Битола. Повредените патници се префрлени во Клиничката болница во Битола.
Полицијата соопшти дека сообраќајната несреќа настанала меѓу три возила, автомобил, комбе со работници од битолска фабрика и паркирно возило за влечење.
Од СВР-Битола велат дека сообраќајката се случила на „Краварски пат” во 14.40 часот, во непосредна близина на тамошната бензиска пумпа.
Увидот од страна на екипи на СВР Битола сѐ уште трае.