
Мерките што ги предложи францускиот претседател Франсоа Оланд за да се зајакне борбата против тероризмот, имаат голема поддршка кај Французите, се вели во резултати од анкета.
Националното единство е очигледно кај француската јавност – 94 отсто Французи веруваат во мерките за јакнење на безбедноста воведени по нападите во Париз.
Истовремено, 88 отсто анкетирани за ТВ станицата BFMTV поддржуваат продолжување на вонредната состојба, а 87 отсто е за ревизија на Уставот за да се создаде „цивилен режим за вонредна состојба во време на криза“.
Околу 82 отсто анкетирани даваат поддршка на воздушните напади врз ИД во Сирија.