Расте револтот на економските емигранти кои се заглавени на македонско- грчката граница, поради одлуката на власта да се пропуштаат само бегалци кои доаѓаат од воените жаришта.
Денеска неколку мажи од Иран, Курдистан и Пакистан со игла и конец ги зашиле своите усни, во знак на протест поради таквата одлука, јави „Канл 5“.
Тие со транспаренти извикуваат: „Ние не сме убијци и терористи, сакаме слобода“, „Отворете ги границите“.Грчките власти им обезбедиле транспорт да се вратат назад, некои од нив повеќето со деца се вратиле доцна синоќа, но, постојано доаѓаат нови групи. Засега, ситуацијата на границата е мирна. На околу 1000 мигранти не им се дозволува влез на територијата на Република Македонија, додека за останатите бегалци процедурата се одвива нормално.
Според информации на МВР мирно е и на северната граница. Прифатниот камп е празен и нема задржувања во тековната процедура за излез.