Личностите кои зборуваат повеќе од еден јазик имаат двојно поголеми шанси за задржување на нормалните когнитивни способности по мозочен удар.
Резултатите се објавени во стручно списание, а податоците се собирани се седум години од 608 лица кои доживеале мозочен удар.
Сите пациенти биле од Индија, а научниците додаваат дека позитивниот ефект на повеќејазичноста кај жртвите бил присутен без оглед на факторите како пушењето, староста, високиот крвен притисок или дијабетесот.
Исто така и другите стимулативни активности веројатно имаат сличен ефект на состојбата на личноста која преживеала мозочен удар.