Музиката го забрзува опоравувањето по операција

Швајцарските научници соопштија дека кај пациентите кои по оперативниот зафат слушале музика е забележано помалку болка и напнатост.

Истражувањето, спроведено на Универзитетот во Цирих, сугерира дека музиката по операцијата била поврзана со 40 отсто помал ризик од висок крвен притисок и забрзана работа на срцето.

Позитивните резултати биле повеќе изразени кај пациенти кои сами си бирале музика која ќе ја слушаат.

Во истражувањето користени се податоци собрани во текот на 15 години за потребите на 47 поранешни студии.