Град Скопје реагира на соопштението на Општина Центар во врска со изградбата на настрешницата на објектот на плоштадот ВМРО.
Сакаме да повториме дека станува збор за настрешница, која по барање на ДГ Бетон АД Скопје за издавање на решение за изградба на настрешница во функција на објект со група на класа на намени Б-Комерцијални и деловни намени, со основна класа на намени Б4-Деловни дејности и Б5-Хотелски комплекси, Град Скопје издава решение за одобрување на барањето со број 15/13-2287 од 26.02.2015 година.
Град Скопје тврди дека целокупната постапка е во согласност со закон и во целосна надлежност на Град Скопје.
Ова барање е одобрено врз основа на член 73, став 1, алинеја 14 и член 74, став 1 од Законот за градење, а во врска со член 205, став 1 и член 209 од Законот за општа управна постапка.
Повторно, сакаме да потенцираме дека не станува збор за урбана опрема, туку за настрешница на објект за која е издадено решение согласно законските прописи во Република Македонија, се вели во соопштението од Град Скопје.