Независно од ваша боја на коса, тен или облик на лицето, црвениот кармин кој им прилега на сите апсолутно е производ кој никогаш не излегува од мода и секогаш е во тренд.
1.Црвениот кармин воедно е и омилен „бјути“ аксесоар на ѕвездите.
2.Со него не морате дополнително да се шминкате – толку е доминантен што маскарата, сенката или пудрата стануват непотребни.
3.Можете да избирате помеѓу повеќе нијанси – во зима почесто се носи црвен кармин со примеса на нијанси на гнила вишна, додека во летниот период се поактуелни оние црвени кармини кои „влечат“ накај портокаловата.
4.Ќе го извежбате нанесувањето на карминот до совршенство, бидејќи црвениот кармин бара јасни линии и прецизна исцртаност на усните.
5.Секогаш ќе бидете подготвени за излегување – црвениот кармин е создаден за подиумот за танцување и клубските вечери.