
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска, заедно со владина делегација во чиј состав е заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и заменик министерот за економија, Христијан Делев, учествуваше на бизнис форум во Пекинг, НР Кина, каде што беа претставени можностите за инвестирање и поволностите кои што се нудат за водење на бизнис во Република Македонија.
Бизнис форумот се одржа во соработка со Фондацијата за инвестиции на НР Кина, а присуствуваа голем број на кинески компании од областа на градежништвото, технологијата, металската и прехранбената индустрија, и енергетскиот сектор.
Премиерот Груевски посочи дека една од важните работи за Македонија е што државата е ориентирана кон креирање на добра бизнис клима што пак е потврдено од значајни меѓународни финансиски институции.
Светската Банка еднаш годишно го објавува извештајот Дуинг Бизнис со кој се рангираат земјите според добрата бизнис клима. Во 2006 година на