Можностите за инвестирање во Македонија претставени пред 150 кинески фирми

шата земја беше на 94 место, и правејќи многу реформи, преземајќи многу чекори дојдовме до 12 место во светот според добрата бизнис клима, и на 6 место во Европа  веднаш по Обединетото Кралство, Данска, Шведска, Норвешка и Финска, изјави Груевски.

Тој посочи дека Владата креираше добра бизнис клима преку преземање на различни мерки, а една од нив е мерката регулаторна гилотина со која се намалија или отстранија, или се направија поевтини, илјадници бирократски процедури во земјата во последните години и тоа во соработка со стопанските комори и над 350 компании од приватниот сектор од различна големина и област.

Од ваквата соработка дојдовме до многу идеи и предлози кои беа применети и на тој начин ја подобривме добрата бизнис клима за домашните и странски инвеститори, изјави премиерот Груевски.

Претседателот на Владата Груевски посочи дека една од карактеристиките на македонската економија е тоа што има најниски трошоци за правење на бизнис во Европа.

Кога зборам за најниски трошоци мислам на сите трошоци кои се дел од еден бизнис, почнувајќи од даноците, и се што е поврзано со даночните трошоци, трошоците за енергија, бирократски процедури итн, така што земено вкупно имаме најниски трошоци за правење бизнис споредено со било која земја со Европа, истакна Груевски.


Biznis forum vo Peking_6

Посочи и дека персоналниот данок на доход изнесува 10%, исто како и данокот на добивка, а во случај на реинвестирање на добивката данокот е 0% како и фактот дека Македонија има најниска ефективна даночна стапка во светот во износ од 7,4%.

Вицепремиерот Пешевски во своето обраќање се осврна на деталите и можностите кои ги нудат технолошко индустриските зони за потенцијалните инвеститори и на важноста за продлабочување на трговските односи со НР Кина.

Во соработка со Фондацијата за инвестиции на НР Кина одржавме презентација пред околу 150 компании, на кои им ги пренесовме информациите важни за правење на бизнис и добрата бизнис клима, истакна во изјава вицепремиерот Пешевски.

Освен тоа