Дваесет и едногодишната Е.Џ. од Србија е уапсена вчеравечер во БиХ, бидејќи била следбеничка на ИСИС.
Таа била добро тренирана за самоубиствени напади и била подготвена со своите истомисленици да изведе терористички напади на овие простори, пишува српски „Блиц“.
Како што пренесува порталот, девојката наводно имала задача да собира податоци, но и да врбува други жени во редовите на ИСИС. Според податоците на српските безбедносни служби таа се споменува и како најблизок соработник на радикалниот вахабистички лидер од Горна Маоча.
Како што пренесува Блиц, Е.Џ. е добро тренирана за самоубиствени напади.