Член на ИД уапсен во Скопје

Полицијата утринава спровела акција во која лишено од слобода е едно лице, член на ИД – Ислмска држава, пишува Курир.

Според неофицијалните информации, акцијата била спроведена во Скопје, а лицето е од населбата Чаир.

Иако се уште нема официјална потврда од МВР, апсењето е продолжување на акцијата „Ќелија“ во која беа опфатени македонски државјани кои учествувале во воени судири, директно или како логостика, на страната на Исламската држава, пред сè на боиштата во Сирија.