Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на денешната средба со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во Брисел му ветила дека успешно спроведување на реформските мерки и одржување на успешни избори во април идната година ќе донесе и награда од страна на ЕУ за нашата земја во однос на евроинтеграциите.
Ова во изјава за дописникот на МИА од Брисел го потврди минситерот Попоски, кој посочи дека освен за македонската политичка ситуација, со потпретседателката на Европската комисија разговарале и за бегалската криза.
Со Могерини разговаравме отворено околу европската перспектива на Република Македонија. Од Брисел очите, се разбира, дека се насочени кон успешното спроведување на политичкиот дијалог и во тој поглед, како во делот на реформите, така и во спроведувањето на изборите на 24 април 2016 година се нешто од што ќе зависи оценката за следните чекори. Во тој дел нема простор за никакви изговори и тука работите се во наши раце. Од друга страна, доколку тоа биде успешно завршено, во што веруваме дека постојат услови да биде спроведено, тогаш нема