Попоски-Могерини: Успешните реформи да се наградат со напредок во евроинтеграциијата

да има никакви изговори ни на страна на ЕУ за таквото однесување да не биде наградено, вели Попоски во изјава за МИА.

Според македонскиот шеф на дипломатијата, тој и Могерини се согласиле дека сегашниот статус-кво е неодржлив.
 Успех во Македонија, со успешно спроведени избори мора да биде награден со пробивање на патот кон почеток на преговорите. Задржување на замрзната ситуација, пак, може да води само кон негативни сценарија. Затоа, во тој дел одговорноста ќе биде на нашите европски партнери, додава Попоски.
Во делот на разговорите за мигрантите, според министерот за надворешни работи на Република Македонија, тој и Могерини востановиле дека нашата држава, но и цела Европа се соочува со многу сериозни и опасни сценарија. Попоски вели дека во моментов се чини дека ниту една од стратегиите или пристапите за кои ЕУ се залагаше не функционираат во целост.
Од наша страна, ние побаравме јасна поддршка и јасна линија за мерките што ги преземаат земјите-членки на ЕУ во правец на одвојување на економските мигранти од оние што имаат право на азил, односно се бегалци од конфликтна зона. Во овој дел, Република Македонија ќе ги превземе сите мерки за спречување на нелегални преминувања на границат, а за обезбедување на својата граница, канализирање на тековите на мигрантите и јасно дефинирање на тие што може да добијат во ЕУ статус на баратели на азил да бидат пропуштени нагоре, посочува Попоски.
Македонскиот министер и посочил на Високата претставничка на Европската унија дека мигрантите доаѓаат во Македонија од страна на земја-членка на ЕУ и дека Македонија е само транзитна земја со што на некој начин не може да ја превземе обврската за решавање на проблем што самата Унијата не го има решено.
Постојат чекори што се предвидени од страна на ЕУ, во договор со Турција и другите земји на оваа рута за надминување на сегашниот бран на бегалци. Од наша страна, јасно беше упатена пораката дека каква било помош треба да биде насочена кон спречување на нелегални преминувања, обезбедување на границата и обезбедување на безбеден и хуман третман само на оние бегалци што имаат основа да станат баратели на азил во Европската унија, дециден е Попоски.
Од своја страна, Македонија бара од ЕУ помош само во обезбедување средства за контрола на границата и нивно канализирање, не и нивно сместување. Во однос на политичкото ветување, пак, за напредок во македонските евроинтеграции, ветувањето на Могерини до Попоски е исто како и она што еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан го даде по успешниот договор во Скопје (Пржино) на 2 јуни/15 јули, кога и тој рече дека сега е на ЕУ да испорача.