Милошоски: Спасовски треба да даде одговор за аферата фалсификувани лични карти

Изминаа 8 дена отткако неделникот Фокус, близок до СДСМ, почна да пишува за една голема афера за наводно фалсификување на лични карти. Почнаа да се јавуваат и граѓаните чиј идентитет беше искористен за објава на овие наводно фалсификувани лични карти, изјави денеска Антониот Милошоски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваme неговата изјава интегрално:

Луѓето се загрозени од аферата каде што и се објавуваат нивни лични податоци. Некој користел нивни податоци или на нивни семејства за да се објави оваа афера.

Без разлика на ова, сите излегоа во јавноста, и медиумите, и одредени граѓани и нивни податоци без нивна согласност, но само еден човек, техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, го нема да се јави на оваа тема.

Господине Оливер Спасовски, како Генерален секретар на СДСМ можеби во вашата партија ви требаат 7 месеци за да сработите одреден проект, но како министер за внатрешни работи, технички назначен, за ваква афера не би Ви требале повеќе од седум дена за да ја расчистите.

Вие повеќе не сте само Генерален секретар на СДСМ, туку сте и човек коишто технички е на челното место на Министерството за внатрешни работи и за тоа оваа работа не смеете да ја оставите без одговор, и загрижената јавност, и граѓаните да не ја дознаат вистината за објавената афера во неделникот Фокус коишто е близок до вашата партија.

Од вас се очекува во најскоро време да го расчистите овој случај.

Замислете како им е на овие граѓани кои својот идентитет или идентитетот или личните податоци на своите блиски ги гледаат во личните карти кои што се објавуваат во одредени медиуми, а Вие сеуште ја игнорирате аферата и ги игнорирате овие граѓани поигрувајќи се со употребата или злоупотребата на нивните лични податоци. Тоа не е достојно за еден човек коишто треба да ги гарантира личните податоци, личните документи и веродостојноста на сите лични карти во Република Македонија, како прв човек во Министерството за внатрешни работи.

Ваквото недејствување на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го сметаме како обид да се прикрие оваа афера, или да се прикрие сторителот на оваа афера, или можеби да се прикрие оној кој што измислува афера доколку истата не постои.

Господине Спасовски, вашата колешка Радмила Шекеринска за вака важни прашања одговараша дека некој прашања не заслужуваат одговор. Аферата за фалсификување на 30.000 лични карти сметаме дека заслужува одговор, а Вие сте првиот човек во државата кој што треба да даде одговор.

Господине Оливер Спасовски како технички министер за внатрешни работи, Вие веќе не сте опозиционер, Вие сте дел од институциите чие што управување, владеење и надлежност има задача, ресурси и обрска да ги расчисти ваквите афери.

Особено затоа што Вашата партија каде што сте Генерален секретар ги оспори претходните и многу избори претходно, оспорува избори и се вклучи во власта да гарантира, како што Вие кажавте, фер и демократски избори во април следната година, и ние се залагаме тие избори да немаат ниту една дамка. Затоа оваа афера не смее да остави ниту најмал простор или сомнеж или причина или изговор кај СДСМ за повторно да ги спорувате изборите следната година и одлуката  што ќе ја донесе народот во Република Македонија.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара од вас да соберете храброст, да смогнете сили, да покажете капацитет и аферата за 30.000 фалсификувани лични карти да ја расчистите и да кажете кој фалсификувал и колку лични карти, кога и каде го направил тоа, кој му помагал и на кои избори се употребени овие лични карти, и на кои избори се употребени овие лични карти? Дополнително треба да одговорите каде е остатокот од 29.900 лични карти кои што неделникот близок до СДСМ сеуште не ги предал во МВР.

Господине Спасовски како опозиција можевте да бегате и од Парламентот и од одговорноста. Како прв човек технички назначен во МВР веќе нема бегање од одговорноста, вие сте одговрен и должен да ја распистите оваа афера.

МВР ги има сите ресурси, ги има сите стручни капацитети, ја има целосната техника и сите мерки што ви стојат на располагање според законот за луѓето кои што наводно направиле фалсификување на лични карти да ги изведете пред лицето на правдата. Затоа не одолговлекувајте.

Вие не сте само генерален секретар на СДСМ. Вие морате да покажете капацитет дека граѓаните се безбедни, дека нивните лични податоци се безбедни и дека знаете да го водите Министерството за внатрешни работи. Јавноста мора да дознае кој стои зад оваа афера. Доколку некој фалсификувал лични карти мора да сноси одговорност за тоа. Доколку некој фабрикувал само афера исто и тој треба да сноси одговорснот за тоа. Г-не Спасовски вие сте на потег, не само пред членовите и симпатизерите на СДСМ, туку сега пред целата држава. Не смее да си дозволите некој да си поигрува со угледот на МВР и со целата држава.

Само на тој начин ќе покажете дека имате капацитет да се носите со задачата која што ви е дадена, да го исполните договорот од Пржино и да создадете фер услови за демократски и слободни избори.

Тоа што сте генерален секретар на СДСМ не ве заштитува од одговорноста за расчистување на оваа изнесена афера. До изборите и до уште една победа на волјата на народот остануваат уште 147 дена. Вие г-не Спасовски како министер за внатрешни работи, технички назначен, немате ниту техничко право да молчите.

Време е да превземете акција и да покажете дали имате капацитет да се носите со одговорноста која што ви е доделена.